Еден од најбараните балкански пејачи во моментов, Ацо Пејовиќ, ќе одржи свој голем концерт во Битола. По успешниот концерт во Скопје, Пејовиќ на 16-ти јули доаѓа на Ракометното игралиште во Битола.
Пејовиќ зад себе има кариера од две децении а во моментов е во подем, откако тој ги отпеаа вокалите на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“.
Влезниците се веќе во продажба преку www.kupikarta.com.