ГОЛЕМ OPEN AIR КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА И ВО БИТОЛА

После двата одличини концерти во март годинава во Центарот за култура – Битола, Каролина ова лето се враќа во родната Битола со концерт во најубавата битолска локација, античкиот театар Хераклеја Линкестис, на 10-ти август. А следниот ден Каролина ќе одржи и open air концерт во Античкиот театар – Охрид На концертот кој ќе трае два часа, Каролина и нејзиниот бенд ќе настапат со песните од новиот албум „Извор“, како и оние од историскиот проект „Македонско девојче“. Специјализираниот македонски музички портал – Музика 24 како и секогаш ќе ви ја пренесе атмосферата на концертот од лице место. Подготви: Филип Етмишовски  
Повеќе на Музика24...