Во прв ред

Голем предновогодишен концерт на Реља, Сенидах, Клинац и Пајак во А1 Арената

На само неколку дена пред дочекот на Новата година, А1 Арената во Скопје, ќе биде местото на најголемата балканска журка. На 24-ти декември, на една сцена и во една вечер ќе се појават миленикот на женска популација, Реља Поповиќ, како и момчето кој е вистинска мистерија за јавноста, Клинац.

„После сите случувања со пандемијата, конечно дојде време да се вратиме во реалноста. Новогодишните празници се период кога секој еден од нас сака забава, а ние токму тоа го нудиме. Затоа и решивме на сите оние кои што сакаат да ја слушаат музиката на Реља и Клинац, да им подариме предновогодишна забава”, велат организаторите на концертот. Тие уште најавуваат и дополнителни гости и изненадување за публиката што на 24-ти декември, ќе биде во А1 Арена Борис Трајковски.

Влезниците за овој музички предновогодишен спектакл изнесуваат 600 денари, а истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, но и во продажните места кои се предвидени за продажба на билети и влезници за вакви настани. Настанот ќе се одржи согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани на затворено.

Можеби ќе ве интересира: