Голема божиќна манифестација на 6-ти јануари

Божиќни песни, претстава, пакетчиња, колачиња и чајчиња ќе бидат дел од големата божиќна манифестација што ќе се одржи на 6-ти јануари (недела) со почеток во 11.00 часот на платото пред Св. Димитриј во Скопје, во организација на “Бадникови поворки”.

💕За сите деца и нивните семејства!💕 ГОЛЕМА БОЖИКНА МАНИФЕСТАЦИЈА 6-ти Јануари 2019 (недела) 11:00…

Gepostet von Бадникови Поворки am Samstag, 29. Dezember 2018

На манифестацијата ќе настапат и пејачите: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Вера Љубојна и дечињата од “Златно славејче”, актерите Дејан Лилиќ и Снежана Конеска – Руси, како и филмското училиште “Тинтири-минтири”.

За годинашната прослава на Христовото раѓање, гореспоменатите пејачи ја снимија песната “Небо и земја”, чија премиера се очекува деновиве.

Повеќе на Музика24...