Во прв ред

Голема новогодишна забава со супер стар DJ-от Курд Маверик

Германскиот супер стар DJ Kurd Maverik доаѓа во Скопје. Маверик ќе биде задолжен за најурбаната новогодишна журка која некогаш му се случила на градот, журката закажана во Метрополис арената на Саем. Стартот е во 21.30 часот.

Билетите промотивно до 27 декември, како празничен подарок ќе се продаваат преку продажните мрежи на МК Тикетс и Купиратизасе и тоа по цена од 200 (во партерот) и 100 денари (за галеријата), додека по 27 декември ќе чинат 300 и 150 денари. На врата на денот на журката, односно на 31 декември, ќе чинат 350 и 200 денари. Ова претставува одлична можност да влезете во Новата 2016-та на вистинското место, со вистинските луѓе – бидете дел од најурбаната журка што ќе му се случи на Скопје.

Курд Маверик е германски хаус продуцент и диџеј роден 1978 година во Турција под вистинското име Џихан Отун. Со музика се занимава од раното детство. Во раните 90-ти техно движењето, што за него е нешто сосема ново, го освојува, па тој фасциниран од овој вид музика, особено од Love Parade и Poison Club во Дизелдорф ја открива и хаус музиката. Оттогаш се е јасно во која насока продолжува неговото музичко патување.

DJ Kurd MaverikПо низата диџеј сетови се враќа во студио и почнува за прв пат да продуцира и хаус музика. Првото издание продуцирано под неговото уметничко име “Kurd Maverik” привлекува огромно внимание, па решава истото и да го задржи. Бројните ремикси и изданија двапати по ред го прават Essentuial New Tune на најпозната радиоемисија на британскиот диџеј Пит Тонг, кој работи за BBC и е домаќин на емисиите како Essential Mix i Essential Selection. Претходно тоа не му се случило никому.

Курд станува нераздвоен дел од интернационалната хаус сцена. Оттогаш патува низ целиот свет и ги задоволува музичките апетити на илјадници хаус фанови со неговите незаборавни и шик звуци. Токму затоа не пропуштајте ја единствената прилика да ја дочекате новата 2016-та година со германскиот супер стар DJ Kurd Maverik, кој воедно е и водечки светски ремиксер на Роби Вилијамс, Боб Синклер, Бој Џорџ, Ерик Морило и сл.

Со Маверик, сопственикот на еден од најголемите хитови на денешницата “Hell Yeah”. Неприкосновен хит на човекот кого уште го нарекуваат и господар на хаус музиката, а интересно е што траката има и верзија со Греми добитникот Џермејн Дупри. Домашна поддршка на Маверик ќе му бидат ди-џеите од Антена 5 Никифор, Ајсберг и Лефанк.

Уште една интересна информација поврзана со Маверик е тоа што диџејот не е прв пат во Скопје и овојпат останува два дена затоа што освен што посака да се одмори по забавата, сака и да добие можност малку да ужива во убавините на градот. Посебни барања нема, освен во техничкиот дел односно звукот, кој треба да биде доведен до перфекција.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: