Во прв ред

Голема прослава на Телеком со Каролина, Северина и Дејвид Моралес

Телекомуникацискиот оператор Телеком по повод воведувањето на новиот бренд ќе организира голем музички спектакл на кои се поканети сите граѓани, на 19-ти септември во Скопје пред “Порта Македонија” со почеток од 20 часот. На големиот настан ќе настапат нашата најголема ѕвезда Каролина, атрактивната поп дива Северина како и култниот ди-џеј Дејвид Моралес.

Telekom_muzicki spektakal_SeverinaКаролина ќе се претстави со добро познатиот проект “Македонско девојче”, а Северина ќе ја оправда верноста на македонската публика со своите бројни стари и нови хитови. Атмосферата дополнителнително ќе се загрее со добитникот на Греми награда, култниот продуцент и ди-џеј Дејвид Моралес чиј настап секако не смее да се пропушти. Водител на настанот е урнебесниот Сашко Коцев. Забава ќе биде организирана и за најмладите со почеток од 12 часот во паркот Жена-борец со супер детска програма исполнета со интересни игри и забава со најдобрите детски хитови.

“Воведувањето на брендот Телеком на македонскиот пазар, после згаснувањето на брендовите Т-Home и T-Mobile, освен што ќе донесе нова вредност за корисниците, несомнено ќе понуди и поинаква содржина, нови искуства и доживувања”, се вели во соопштението.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: