Во прв ред

Вечерва српската Бритни Спиарс ќе го “запали” Calypso во Прилеп

Прилеп освен за “Пивофест”, на големо се подготвува за вечерашната голема забава која ќе се случи во еден од најдобрите и најпосетувани места во овој град, клубот Calypso кој што со нетрпение ја очекува ѕвездата на вечерта, српската Бритни или попозната кај нас како Милица Тодоровиќ. Таа освен по многубројните имитации, што се едни од најгледаните на глобалниот музички канал You Tube, нејзините големи хитови жарат и палат насекаде низ Балканот, а вечерва е ред тоа да се случи токму во градот под Марковите кули.

Нејзините најголеми хитови: “Моје злато”, “Три чаше”, “Нема назад”, “Коначна одлука”… ќе бидат само дел од песните, стиховите кои што Прилеп и Calypso ќе ечат и надалеку оваа вечер ќе се слушаат. Интересно е тоа што токму денес, 10-ти јуни официјално завршува школската година што значи дека нема веќе обврски ниту рашавање задачи, туку едноставно сите на забава и добра журка до раните утрински часови.

Незаборавајте, забавата започнува во 22 часот, а билетите во претпродажба чинат 200 денари, додека на врата 300 денари. Доколку не сакате да се замарате и во текот на денот имате обврски, нашите пријатели од Calypso нудат можност однапред да го резервирате вашето присуство и тоа на следниве телефонски броеви: 078/ 412-596 ; 078/ 410-645 ; 078/ 337-475 и 078/412-597.

ПС: А после настапот на Милица Тодоровиќ, забавата продолжува во ноќниот клуб “VIP” каде до рааано утрото прилепчани и нивните убај чупиња ќе се забавуваат со добро познатиот бенд на Кико и Коки.

Текстот го подготвија: Маринела Каранфилоска / Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: