Во прв ред

“Струмица опен фест”: Големата хип-хоп забава го одбележа вториот ден од СОФ

Вчера на вториот ден од големиот музички настан “Струмица опен фест” се случија неколку настани кои го задржаа вниманието на веќе присутните посетители на оваа манифестација. Во Градскиот парк точно во 20.30 се одржи концертот на отворено на поранешните ученици од Музичкото училиште “Боро Џони”. На сцената се појави квартетот составен од Иван Кукиќ – контрабас, Бојан Муров – виолина, Глигор Тасев – гитара и Ангел Витанов – гитара, кои на публиката им се претставија со класични и популарни дела во аранжман на самите ученици, односно веќе денес музичари.

Веднаш по промоцијата на книгата “Каменче во чевелот” од Ацо Ѓоргиев која што се одржи во храмот на културата “Ацо Панов”, за младите во дворот на Струмичката гимназија се одржа голема хип-хоп журка. Како што веќе на неколку наврати пишувавме, ова е првиот хип-хоп фест во рамките на “Струмица Опен Фест”, а на истиот свое учество земаа…

Како за почеток во 21 часот на сцената се појави DJ Гоце Саф, а час и половина подоцна се појавија следниве групи: “Дивизија” од Струмица, “Зад аголот” од Скопје, “Да Титаниум” од Прилеп и “Подземен Ефект” од Куманово.

Денес на третиот фестивалски ден музичката програма што нам пред се ни е приоритет, ќе започне во 21 часот со едночасовниот концерт на Ансамблот “Тримери”. Инаку, во текот на денот има и други активности меѓукои ќе ги споменеме трката на келнери како и квалификациите и фаналето на Вигор Бармен купот.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: