Во прв ред

Горан Алачки со хуманитарен концерт за возобновување на Храмот “Свето Вознесение Христово”

Хуманоста на човекот никогаш нема граници тоа е една од особините кој не опишува и краси како личности,  па во склоп на тоа големиот и докажан уметник и амбасадор на хармониката Горан Алачки на 31-ви јануари ќе даде свој придонес за храмот “Свето Вознесение Христово”. Воедно она што ќе се најде како програма на самиот настан кој ќе се одржи во Македонскиот народен театар се неговите композиции т.е. цело него творештво за неговата 40 години творечка дејност како на обработки на фолклорни ора и песни така и негови познати дела.

Насловот на овој концерт е “Чувства, ноти и предели” што не е случајно одбран, бидејќи во самото творештво се содржани токму овие 3 сегменти од неговиот личен опус со што самите љубители ќе се најдат за миг на различни места со различни чувства и емоции каде ретко да се доживее таков момент на едно извонредно место. Ова своеводно ретроспективно претставување на бисерите од творештвото на Алачки, до сега изведувани на сите 5 континенти во над 250 градови во 34 земји ширум светот, каде Алачки ја претставуваше Македонија и безвременската убавина на македонската традиционална народна музика, за прв пат ќе бидат обединети на овој хуманитарен концерт.

А концертот е под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија во организација на Фондацијата “Д-р Михаил Левенски”, во рамки на активностите за возобновување на храмот “Свето Вознесение Христово” во село Владимирово. Приходот од концертот ќе биде наменет за возобновување на храмот кој изгоре во огнена стихија на 1-ви ноември, 2014-та година. Ова е уште една можност да уживате во делата на маестро Горан Алачки за кој за самите аранжмани на овие композиции ќе се погрижи композиторот Дамир Имери. Билетите се во продажба по цена од 400 денари, на билетарата на Македонски народен театар.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: