Во прв ред

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги поместува стандардите – За културното лето не концерти, туку 4 дена фестивали (Фото+Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, градоначалникот Орце Ѓоргиевски заедно со својот неуморен тим, кој и досега ги креираше стандардите на она што значи добра и квалитетна организација на културно лето, оваа година ќе оди и чекор подалеку. Музика24 ѕирна зад сцената и додека интензивно траат подготовките, ексклузивно дозна дека четиридневната музичка забава, овојпат ќе биде преточена во четири фестивали!

Имено, наместо како досега, кога за време на културното лето имаше концерт на еден до два изведувачи, годинава на сцените на Три круши и во паркот пред салата Расадник, ќе се одвиваат цели фестивали.

Иако не сакаа да откријат премногу пред прес конференцијата закажана за утре во 10 часот, дознаваме дека годинава ќе ги слушаме ѕвездите од проектот “Македонијо во срце те носиме”, Два Бона и Пајак, а следејќи го инстаграм профилот на Ѓорѓе Давид, дознавме дека доаѓа и тој и тоа со бројни звучни имиња – Ивана Петерс, Бресквица и многу други.

Финалето на културното лето кога ќе се слави и 69-тиот роденден на оваа најстара скопска општина ќе се одбележи и со прославата на 30-тиот роденден на СУПЕРХИКС. На 29 јуни, сабота, во паркот Расадник со почеток во 19 часот, покрај Суперхикс ќе настапат и Фолтин, Дани Димитровска, 21 век, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, Ја, Дека и Зека и многу други.

Како и секогаш влезот ќе биде бесплатен, а ваше е само да си изберете она што е по ваш вкус и со позитивна енергија и одлично расположение да си поминете незаборавно. Впрочем, журките што ги организира Кисела Вода во последните години, се веќе проверена работа!

Можеби ќе ве интересира: