Во прв ред

Ќе се одржи “GreenFest” по трет пат во Штип

Штип има нов повод за посета. Доколку сте љубители на добрата забава, а пред се на електронската музика, постои место ко создадено за Вас. “GreenFest” – најголемиот урбан фестивал ќе се одржи во Дом на млади на 09.03.2012. Тоа е настанот кој по трети пат ја тресе клубската сцена, оној кој бележи зачудувачка посетеност. Досега имавме гости од Македонија како и вон нашите граници, а сепак станува збор за реномирани музички имиња. И овој пат нема да е поразлично, туку уште подобро организирано, не постои сомнеж, кога се е во рацете на Иван Крстевски. Всушност тоа и му доликува на настан кој веќе прерасна во традиција. DJ NENNAT & DJ Borce Panov се задолжени за загревањето на атмосферата, додека главната улога ја има SASO RECYD.
Green Fest по трет пат во ШтипШто се однесува до аудио – визуелните техники, ќе придонсат да се почувствувате ко да присуствувате на журка од светски рамки. Овој пат токму за озвучувањето и осветлувањето е задолжена компанија која професионално работела на многу такви големи проекти. Влезниците за овој урбан фестивал веќе се пуштени во продажба. Цената е симболична и пристапна за секоj и изнесува само 100 денари. Музика24 и оваа година, по трет пат, е медиумски пријател на “GreenFest”.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: