Во прв ред

Гринфестовци не застануваат!

Tимот на еден од најдобриот техно фестивал во Македонија GreenFest, оваа година повторно работи со полна пареа најавувајќи DJ-и од светски рамки. Понежната половина во светот на техно музиката, девојката која што е резидент DJ на сите изданија на ENTER низ IBIZA и ширум целиот свет настапува во Штип на 8-то издание на фестивалот.

Дами и господа ви ја најавуваме HITO ( ENTER.Ibiza). Јапонката која што дели бина со најдобрите техно изведувачи: Richie Hawtin, Dufire, Matador, Paco Osuna, Nina Kraviz, Sven Vath, и многу други. Организаторите најавуваат одлична забава, а фестивалот ке се одржи на 17-ти октомври во Дом на култура Фоаје Штип. За сите информации следете ја фан страната на Facebook и откријте кој други изведувачи ќе настапат на ова издание на Greenfest.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: