И оваа година најголемиот гастрономски спектакл – “ГастроМак” (Фото)

Како што дознава Музика24, и оваа година по четврти пат во Република Македонија ќе се оддржи еден од најголемите гастрономски спектакли, долго очекуваниот и надалеку познат “ГастроМак”. Оваа година овој голем настан ќе се одржи во Охрид под мотото: “Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”).

Од 10-ти до 14-ти октомври градот Охрид ќе биде домаќин на настанот што никако не смее да се пропушти. Хотелот “Нова Ривиера” во Охрид ќе биде централното место каде ќе се случуваат и одржуваат сите кулинарски натпреварувања, а како што не информираат од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, оваа година се очекува да присуствуваат околу четиристотини учесници-натпреварувачи, судии и почесни гости и гастрономски амбасадори од вкупно 150 земји во светот.

“Со оглед на одличните одгласи во пошироката јавност за нашите проекти од минатите година, почестени сме да ве информираме дека оваа година манифестацијата ќе ја поткренеме на уште повисоко рамниште. Светската гастрономска јавност со месеци зборуваше во суперлативи за минатогодишниот настан, така што и годинава, во Охрид, мораме да го одржиме и да го надминеме заслуженото реноме. Со домаќините – Општината Охрид и Хотелот “Нова Ривиера” сигурни сме дека и оваа година ќе направиме настан за долго паметење”, изјави неодамна Андријана Алачки на првата прес-конференција по повод овој настан, која што воедно е и Претседателката на “ГастроМак”.

Од Општина Охрид велат дека овој настан има за цел да ја поттикне и унапреди гастрономската понуда и да ги промовира техниките за подготовка на храна, кои ги применуваат најпознатите светски готвачи. Тие секогаш како локална самоуправа ќе бидат подготвени за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда на овој наш познат туристички бисер надвор од шпицот на летната туристичка сезона. Освен од Општината, и одговорните од хотелот “Нова Ривиера” се убедени дека ќе бидат и повеќе од добри домаќини на светската гастрономска елита.

“Ќе направивме се што е можно и неможно организацијата и натпреварувањето на “ГастроМак 2019″ да помине во најдобар ред, сите од тука да си отидат со позитивни впечатоци и да посакаат повторно да се вратат”, вели директор на хотелот “Нова Ривиера”, Јане Тодороски.

Како единствена и ексклузивна национална асоцијација која што и формално ја претставува државата во интернационални рамки под закрилата на WACS, во ГастроМак нагласуваат дека целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата гастрономска традиционална култура на нашето македонско поднебје, како и промоција и воведување на светските кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна.

Порталот Музика24 исто како и минатата година, исто и оваа, ќе биде еден од многуте медиумски покровители и медиуми кои ќе го поддржи овој настан, а истовремено со своја екипа ќе присуствува и ќе известува од истиот.

Повеќе на Музика24...