Во прв ред

И оваа година White Sensation Beach Festival

Со огромно задоволствo Ви го најавуваме второто издание на најголемото, најспектакуларното музичко шоу, кое во 2015-та за прв пат му се случи на Преспа и во знакот на бело ја сплоти Македонија на едно место. Најголемото збиднување под наслов White Sensation Beach Festival, годинава ќе се случи на 28-ми јули четврток.

Како што велат организаторите, настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе допринесат за перфектна забава. Огнометите и останатите ефекти ќе бидат вистински интересен декор на вечерта, а ноќното капење ќе биде предизвик за најхрабрите.

Модерната сензација White Sensation Beach Festival ја продолжува неговата традиција и дружба. Ова година се дружиме на место каде музиката и луѓето ќе придонесат атмосфера која не се заборава. Најголемата #WhiteSensation забава во регионот проследена со 5 DJ и уште многу изненадувања на нивните настапи.

Оваа година организаторите Ви ги најавуваат:

  • Ricardo ;
  • Dark Child ;
  • DJ Bobi ;
  • Aleksandar Galoski и ѕвезда на вечерта
  • THE Mister од Грција.

Овој познат светски DJ кој ја освои публиката во Македонија со свои настапи во сите големи клубови во Македонија, а пред еден месец заврши успешна турнеја во Шведска.

Продажбата на влезници веќе е започната и истата се одвива преку продажната мрежа на kupikartizase.mk по цена од 120 ден промотивно до 25-ти јули, а од 25-ти па се до 28-ми јули цената ќе изнесува 200 денари. Организиран превоз од Битола и Ресен со туристичка агенција Хера Турс (тел. 047/ 233-603).

Се гледаме на White Sensation Beach Festival заедно да испишиме нов лист на една нова успешна приказна 🙂

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: