Во прв ред

Во сабота во Calypso, одлична забава со Амадеус бенд и одлични пиротехнички ефекти

Амадеус Бенд најавуваат спектакл во градот под Марковите кули во еден од најдобрите и најпознати клубови во Прилеп и пошироко каде што и секогаш е забавата – клубот Calypso. Амадеус по трет пат ќе наставуваат во овој град, за оние кои сеуште незнаат Амадеус Бенд е составен од 5 момци: Аца, Милан, Џаја, Боки и Токан. Амадеус најави дека и покрај многубројните хитови: “Лажу те”, “100 посто”, “Није Свеједно”, “Моја Земља”, “Купи ме”, “Црна ватрена”, “Скини ту хаљину” и ќе можеме да уживаме и во хитовите од новиот албум “Крв и Навике”, “Југославија”, “Мирис Београда” и многу други песни од кои и македонски евергрини.

Влезници можете да набавите по цена од 150 денари до самиот почеток на концертот во клуб Calypso, додека пак на самиот влез ќе бидат по цена од 200 денари! Calypso на големо се подготвува за своите гости кои на престојниот “Пивофест” кој ќе започне следната недела, поточно од четврток 14-ти јули и ќе трае се до недела 17-ти јули.

Amadeus bend_nastap vo prilepКако и секогаш, така и овој пат вредната и млада екипа на овој реномиран, надалеку познат прилепски клуб ќе Ве очекува да го посетите и да пробате дел од нивните оргинални коктели како и забавите кои секоја вечер ќе ги организираат до раните утрински часови. А неколку дена по големиот пивски фестивал, ексклузивно ќе Ви откриеме која голема српска дива ќе настапи во овој клуб на 20-ти август… но за тоа потоа… Бидете и Вие дел од големата саботна забава со Амадеус Бенд и на време набавете си влезница, за потоа да не Ви биде криво.

Од Прилеп за Музика24: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: