Во прв ред

И вечерва загарантирана забава и лудо помината ноќ со Јелена Розга во Калипсо

Пред месец и половина Ви најавивме изненадување кое што вечерва ќе го “запали” клубот Калипсо во Прилеп, еден од најпосетуваните ноќни клубови во овој град. Станува збор за нежната, понекогаш дива хрватска поп пејачка Јелена Розга која што вечерва заедно со својот бенд ќе направи вистинско лудило пред прилепската публика. Розга како што и самата вели има одлични и незаборавни спомени од овој ноќен клуб во Прилеп, имено таа минатата година настапи во овој клуб на 22-ри август каде што сопственикот на Калипсо и го честиташе нејзиниот роденден со убава и голема роденденска торта од која што и самата беше изненадена.

Jelena Rozga_calypso rodendenska tortaJelena Rozga_bileti za zabava vo calypso Jelena Rozga_live in calypsoКартите за вечерашната долга и луда забава се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари, а како што велат организаторите побрзајте за да немора да го чекате повторното доаѓање на Јелена Розга во Прилеп. И не заборавјте, вечерва Јелена Розга, Прилеп, клуб Калипсо, доволно за луда забава, зар не?

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: