Во прв ред

Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд после 7 години со концерт во Струга

Први јули на летната сцена Сиеста ќе правиме блуз-фиеста. Вашиот омилен лик – Игор Џамбазов, и неговиот вечен блуз-сопатник Гуру Харе со бендот, после скоро една деценија, на задоволство на сите ќе ги отпее добропознатите хитови од неговата соло кариера но и соработките со многу македонски и балкански музичари. „Диши длабоко“, „Скопје, Сарај, Матка“, „Време за плачење“, „Стојаково блуз“, „Хотел Македонија“, „Во Бестрага“, „Скопјанец Битола“ се само дел од евергрините на македонската музика кои ќе имате можност да ги чуете на концертот во градот покрај Дрим.
Секој настап на Игор е многу повеќе од концерт така и овој пат, Игор и Гуру Харе ќе приредат незаборавна вечер. Open air концерт на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд во Струга не случува често ! Затоа бидете брзи и обезбедете го своето место на нашата блуз-фиеста на летната сцена „Сиеста“. Влезниците се веќе во продажба преку mktickets.mk и во БараБар по промотивна цена од 300 денари.

Можеби ќе ве интересира: