Игор Џамбазов и “Гуру Харе“ за Свети Трифун на плоштад во Кавадарци (Фото)

Општина Кавадарци и оваа, 2020 та година ја продолжува традицијата на одбележување на празникот св.Трифун. На Св.Трифун лозарите ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино посакувајќи си плодна и бериќетна година. На самиот ден, 14-ти февруари се дава акцент на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарските работи, а со тоа и зачувување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-вински регион. Оваа година прославата на св.Трифун ќе трае два дена.

 

Во склоп на програмата се изложба на уметнички дела и фотографии, фестивал на традиционална музика од Србија итн. Во забавниот дел на програмата покрај локални бендови и изведувачи ќе настапат Игор Џамбазов и “Гуру харе“.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.