Во прв ред

Intermezzo music bar ве поканува на ексклузивен настап на Петар Грашо (Фото)

Една од најголемите хрватски ѕвезди, фантастичниот Петар Грашо доаѓа во Скопје, но овој пат во сосема поразлично издание и на сосема поразлична локација – Грашо ќе биде дел од серијалот ексклузивни настани во првиот и единствен музички бар кај нас Intermezzo music bar.

“Ако те питају”, “Уторак”, “Ко нам брани”… се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на Грашо кого домашната публика за прв пат ќе има можност да го види во вакво издание, со ексклузивен настап и во амбиент каков што, како што вели, нема во големите концертни сали.
Гостувањето на Грашо затоа е уникатна можност не само да се ужива во неговата музика, туку и да се биде близу до човекот за кого велат – тој е најдобриот пејач меѓу кошаркарите и најдобриот кошаркар меѓу пејачите.

“Скопје ми е омилена дестинација и сум настапувал во сите концертни сали, но овој настап ми е особено инспиративен и е голем предизвик за мене, затоа што сакам дружби на кои можам да бидам блиску до мојата публика. Драго ми е што во ова “време – невреме” ќе имаме можност малку да мислиме и на убави работи и убаво да се чувствуваме сите”, вели Грашо. Дека сите оние кои ќе бидат дел од овој ексклузивен настап на Грашо можат да се чувствуваат безбедно уверуваат и од првиот музички бар кај нас. Оттаму велат:

“Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ”, велат организаторите на настанот. Влезниците за настапот на Петар Грашо кој што е закажан за утре среда 19-ти август за в среда, се продаваат исклучиво во претпродажба, а заради почитување на протоколите се во ограничен број. Затоа не дозволувајте другите да ви раскажуваат, бидете дел од уникатниот настан и дружбата со Грашо.

Можеби ќе ве интересира: