Во прв ред

Интернационалниот естраден магазин „Свет Аустралија“ денес прославува мал јубилеј – 5 години од своето постоење (Фото)

И додека денес се прославува големиот православен христијански празник Мала Богородица, истовремено, на денешен ден 21 септември пред 5 години стартуваше со работа еден од највлијателните, најчитани и денес најкомпетентен естраден магазин, интернет порталот „Свет Аустралија“ кој што освен во Македонија и на Балканот, истовремено е читан во повеќе европски земји, континенти… едноставно низ целиот свет.

Визуелен изглед на интернет порталот „Свет Аустралија“

Како вчера да беше кога во контакт со нашата драга колешка Билјана Биба Крнческа добивме информација дека стартува нов естраден магазин, на интернационално и светско ниво – „Свет Аустралија“. И секако, како многу добри пријатели и колеги се понудивме се што можеме да помогнеме, тука сме и стоиме на располагање. Посебно ни беше мило и драго што токму таа е уредник и дописник за овој моќен и веќе познат медиум од нашата Македонија.

„Петгодишниот јубилеј на нашиот портал „Свет Аустралија“ го доживувам многу лично и многу емотивно зошто од првиот ден сум дел од редакцијата на шоу биз естрадниот магазин, со апсолутна доверена слобода во осмислувањето и креирањето на содржините. Имав вистинска среќа сосема случајно да го запознам и тоа токму преку ФБ нашиот ценет Главен и одговорен уредник Раде Берак и да воспоставам одлична комуникација од која се роди искрено пријателсство, па подоцна и да добијам шанса да бидам дел од уредувачкиот тим на медиумот што тој го осмисли и покрена во Септември 2018 година на големиот празник Мала Богородица. Од тогаш па се до денес овој ден посебно ми значи затоа што со себе носи една голема симболика за мене, а тоа е победа на правдата после голготата што ја поминав како политички неподобна новинарка и своевиден бенефит со кој се вратив во естрадното новинарство каде припаѓам.
Пет години за еден медиум не е воопшто мал јубилеј затоа што условите во кои денес се наоѓаат медиумите не се лесни, затоа сум горда што ние како мала но вредна редакција славиме успешни пет годни постоење и делување. Горда сум што за сите овие годни напредуваме и воспоставивме одлична соработка со естрадата, медиумите, но и со колегите и во ова прилика посебно ќе се заблагодарам на вашето гласило музичкиот портал Музика24 за безрезервната колегијална поддршка и за соработката.
Посебно ми е драго што читателите за кои постоиме апсолутно ни веруваат. Драго ми е што не сум се нашла во компромисна ситуација за да се прилагодувам на некои полувистини или што не сум морала да премолчам некои вистини и среќна сум што мојата гласност и критика секогаш се во служба на вистината и фактите.

Во овие пет години секако дека имаше обиди за манипулација од страна на поединци кои или биле не доволно свесни и едуцирани, или едноставно ја потцениле улогата на новинарот па се обидуваа од лошите критики да се одбранат со закани за тужби, но кога сфатија дека такви “шибицарски фори” кај нас не поминуваат го подвија репот и исчезнаа, и токму во тој контекст би сакала да им порачам на сите колеги новинари да не отстапуваат никогаш од напишаната вистина дури и кога таа не им оди на поединци во прилог па се обидуваат да спречат да биде објавена.

Инаку, убавото во нашата редакција е што уредникот апсолутно има доверба во нашиот избор на соговорници, во представувањето на артистите, но и во пренесената вистина од одреден настан или случување, па не сме дошле во ситуација да приложуваме докази, на кои новинарот секогаш треба да е спремен. Јас како дописник и уредник за Македонија, можам да истакнам дека имам одлична соработка со артистите од различни области и дека секогаш сум среќна кога квалитетно соработуваме во интерс на уметноста и музиката.

На крајот би открила дека имам желба некој нареден роденден редакциски заедно да прославиме во друштво на колегите и соработниците, но и со читателите кои ни се најголема мотивација и да се дружиме гала роденденски, а додека тоа не се случи ќе наздравуваме секој од својата држава од четирите страни на светот во чест на успешната година и убавите успеси“, изјави Билјана Биба Крнческа уредник и новинар-дописник од Македонија, по повод 5 години „Свет Аустралија“.

Билјана Биба Крнческа, уредник и новинар-дописник од Македонија

Ние како екипа која подолг временски период ги следи и прати сите поголеми и поважни музичко-забавни настани, манифестации, фестивали, дружењето и патувањето со екипата на „Свет Аустралија“ секогаш ни претставувало посебно задоволство и чест, бидејќи секогаш со нив сме поминувале интересно, незаборавно, понекогаш скандалозно за другата страна, но во секој случај колегијално и професионално.

„Порталот „Свет Аустралија“ го основав во 2018-та година, денес прославуваме точно 5 години како секојдневно работи и функционира. Главен „виновник“ за сето тоа е и мојот многу добар пријател и соработник Горан кој што знаејќи го моето портфолио и минато само едноставно ме „турна во огинот“, и така започна се. Во од пронајдовме вистински професионалци кои си ја сакаат својата професија и работа, кои се буквално посветени на она што го работат и практично со информации го покриваме целиот свет. Она што не прави единствени и уникатни е тоа што сите наши текстови се авторски и автентични“, истакна Раде Берак сопственик и главен и одговорен уредник на „Свет Аустралија“ по повод издавањето на неговата книга „На место вољно – скопске приче“, за која пак ќе пишуваме и информираме во друга прилика.

Раде Берак, сопственик и Главен и одговорен уредник на „Свет Аустралија“

Редакцијата на музичкиот портал Музика24 од се срце им го честита малиот јубилеј – 5 години од функционирањето на „Свет Аустралија“. Ви посакуваме најмалку уште 105 години да постоите, функционирате, да соработуваме и да се дружиме, бидејќи без Вас новинарството нема да е она што е денес.

Среќен роденден!

Можеби ќе ве интересира: