Во прв ред

Италијанските уметници Вероника Кардуло и Дијана Нокеиро утревечер на „Интерфест“

Утре вечер (7-ми октовмри) на програмата на Интерфест е концерт на италијанскиот сопран Вероника Кардуло и  италијанската пијанистката Дијана Нокеиро. Концертот ќе се одржи во Офицерскиот дом со почеток во 20.30 часот. На програмата се дела од Пучини, Русини , Верди, Бизе, Шуберт итн.

Сопранот Вероника Кардуло е добитник на бројни национални и интернационални награди. Настапувала на оперските сцени во Италија, Швајцарија, Австрија, Германија, Шпанија  во водечки оперски ролји од оперите на Моцарт, Росини, Верди, Пучини, Доницети, Маскањи, Бизе. Нејзината концертна дејност покрај рецитални програми опфаќа настапи во ораториумите на Вивалди, Хендл и Верди.
Пијанистаката Нокиеро дипломира на Државниот музички конзерваториум „Антонио Вивалди“ во Новара. Таа развива исклучително плодна концертна дејност во Италија, Европа и целиот свет. Настапува како солист и член на различни ансамбли како Националниот оркестар на Малта, Лондонскиот гудачки оркестар, Гудачкиот оркестар на Буеноос Аирес итн.

Можеби ќе ве интересира: