Во прв ред

Иван Босиљчиќ ќе одржи концерт во Скопје

Познатиот српски актер Иван Босиљчиќ на 19-ти јуни ќе одржи свој концерт во Националната опера и балет во Скопје.

Босиљчиќ покрај богатата телевизиска, филмска и театарска кариера, повеќе од една деценија со голем успех ги презентира своите авторски проекти пред љубителите на поезијата и музиката.
Публиката секогаш ги дочекува настапите со бурни емотивни реакции во големите концертни сали, како и на театарските сцени во Белград, Нови Сад, Скопје, Подгорица, како и во речиси сите градови во Србија и регионот. Музичките вечери на Иван беа изведени и пред публиката во Австрија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, Канада и Исланд.

Влезниците се веќе во продажба на благајната на НОБ како и онлајн на karti.com.mk.

Можеби ќе ве интересира: