Во прв ред

Избор за најуспешни битолчани по 14-ти пат

Традиционално по 14-ти пат најстариот “Битолски весник” ги избира најуспешните битолчани за 2012-та година. Ексклузивниот ресторан “Вавилон” годинава ќе собере над 600 гости на манифестацијата на која ќе бидат избрани најуспешните битолчани од областа на бизнисот, политиката, образованието, културата, естрадата, спортот и здравството.

Изборот за најуспешни битолчани како и во изминатите години директно ќе се пренесува на Тера телевизија и Радио Б-97. Покрај големиот број на еминентни гости од јавниот и културниот живот од земјата и странство, на изборот ќе настапат и битолските групи Деспина и Молика, а како специјални гости ќе се појават ексклузивците на Горила продукција Димитар Андоновски и Тамара Тодевска.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: