Во прв ред

Изведувачи од Балканот и Македонија ќе ги отпеат легендарните хитови на MTV во Битола (Фото)

Дали се сеќавате на моментите кога MTV беше нашиот прозорец кон светот на музиката? На 14-ти септември, Камерниот оркестар на Битола ќе го врати тоа време повторно само една вечер. Со легендарните хитови од 80-тите и 90-тите ќе го оживеат времето и музиката што оставија белег во музичката историја.

Настапуваат: Love Itoya (Грција/Нигерија), ZHIVA – Ива Пажин (Србија), Агни Авшар, Ирена Димовска (Памперс), Ана Петановска, Александра Трајчевска, Рената Кралевска, Кики Плиш, Марија Цветановска, Поп рок хор „Битвокс“, а на сцената ќе бидат и балетски играчи од Македонската опера и балет.

За сите што сакате да се вратите во времето и да присуствувате на овој концерт – прв од ваков тип, обезбедете си го вашиот билет. Цената на билетите изнесува 400 денари и ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (11.09.2023) на билетарницата на Центар за култура – Битола, во период од 15 до 21 часот.

Не пропуштајте ја можноста да го почувствувате духот на MTV 80’s & 90’s во живо на сцената.

Се гледаме на концерт!

Можеби ќе ве интересира: