Во прв ред

“Јаболки и круши за уметнички души” – акустичен кабаре концерт

Овој концерт е симбиоза на музика и театар и ќе ги исполни сите сетила на публиката, а ја издвојува Мијата како мултиталентиран артист која успева да раскаже приказна сублимирана од нејзините авторски песни: “Домаќинска”, “Еден ден”, “Верувам во себе”… и други, публиката ќе ги доживее одново и на многу поинтимен начин .

Учествуваат: Мијата (вокал), Мето Јанакиевски (пантомима и физички театар), Ајхан Куртов (пијано), Кирил Туфекчиевски(контрабас), Зоран Костадиновски (акустична гитара), Ратко Даутовски (кахон и перкусии), Ангела Здравковска (придружен вокал), Јелена Мијатовиќ (рецитации) Војо Цветановски (режија), Тања Рибарска (инспициент), Фросе Левковска (фото).

Aкустичниот кабаре концерт “Јаболки и круши за уметнички души” ќе се одржи во петок, 30 ноември 2018 со почеток во 20 часот. Местото на настанот ќе биде во Камерната Сала на Македонска Филхармонија.

Можеби ќе ве интересира: