Во прв ред

Жан Мишел Жар со бесплатен концерт во Ниш

Жан Мишел Жар великанот на светската електронска музика, следниот септември ќе одржи бесплатен концерт во Ниш, Република Србија. Како што дознава Музика24, неговиот настап ќе биде во рамките на прославата за 1700 години од донесувањето на Миланскиот едикт. Концертот најверојатно ќе се одржи на нишката тврдина, но според наши неофицијални извори, бесплатниот концерт официјално сеуште не е потврден. Покрај големиот концерт, како дел од прославата на јубилејот ќе се случуваат многу изложби, филмски проекции, театарски претстави, перформанси и сл.

“Врвот и завршницата на проектот ќе се одржи на градското поле со бесплатен влез на 150.000 луѓе”, велат организаторите на нивната официјална страна. Инаку, Жар е познат по одличните концерти кој секој сам за себе е тематски распореден. Неговите концерти се карактиризираат и разликуваат по њу-ејџ звукот и одличната спектакуларна атмосфера збогатена со ласери и огномет. Негов најпознат албум е “Oxygene” од 1977 година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: