“Џез фабрика – Џез за промени” во Битола и Демир Хисар

На 2-ри ноември во Битола и Демир Хисар ќе се одржи традиционалната “Џез Фабрика- Џез за промени”. Истата се одржува по 11-ти пат оваа година. Главната цел на овој проект е да се развие во инвентивна работилница каде што децата можат да практикуваат цртање, сликање и танцување заедно со слушање и свирење музика, со цел да се чувствуваат слободни да ги искажат своите уметнички и креативни способности.

Џез фабрика е можност за младите луѓе да слушаат поинаква музика и подобро да ги запознаат инструментите. Тие ќе свират со надеж дека ќе можеме да ги научиме од рана возраст дека она што обично го слушаат на телевизија или на друго место не е секогаш најдобрата музика – тие мора да научат да препознаваат и да прават селекција. Ќе започнеме со демонстрирање колку е долицен и забавен џезот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, НУ Народен театар Битола, Центар за култура Битола, Општина Демир Хисар и Центар за култура – Демир Хисар.

Настанот во Битола започнува во 12 часот на сцената под ротација при НУ Народен театар – Битола. Во Демир Хисар почетокот е закажан за 18 часот, по што во 21 часот следува концерт на Сашо Поповски Трио во концертната сала на Центар за култура – Демир Хисар.

Повеќе на Музика24...