Во прв ред

Јелена Карлеуша ќе пее на семејна прослава кај познат скопски бизнисмен?!

Познатата балканска поп дива Јелена Карлеуша ќе пее на семејна прослава кај познатиот скопски бизнисмен Горан Драгошановиќ – Вили. Како што дознава Специјализираниот македонски музички портал Музика24 менаџментот на поп дивата е веќе контактиран и само треба да се прецизираат одредени детали пред самиот настан. Познатиот бизнисмен размислувал и за други познати балкански музички имиња меѓу кои и Шабан Шаулиќ, но сепак семејството Драгошановиќ одлучиле тоа да биде токму таа, познатата ЈК.

Неофицијално, семејната забава по повод раѓањето на неговиот син кој ќе биде крстен Милодраг – Мио (по неговиот татко), ќе се одржи во скопскиот ресторан Белви.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: