По гостувањето на Северина викендов на неколкуте приватни бизнис забави и познатата Јелена Карлеуша доаѓа во Македонија со свои настапи. Како што дознава Музика24, Карлеуша кон средината на месец јуни, односно 17-ти јуни, свој настап ќе има во кумановската дискотека “Space”, а ден потоа, на 18-ти ќе настапи во ноќниот клуб “Елдорадо” во Гостивар.
Таа за своите настапи во Македонија, а и сите останати, официјално извести на својата фејсбук фан страница.