Во прв ред

Јелена Карлеуша и Харис Џиновиќ главни ѕвезди на „Тиквешки гроздобер“

Балканската мега ѕвезда Јелена Карлеуша и фолк легендата Харис Џиновиќ се главните ѕвезди на „Тиквешки гроздобер 2022“ во Кавадарци. Овогодинешната манифестација е закажана за 9-ти до 11-ти септември, информираше градоначалникот Митко Јанчев.

Во петок (09.09) на програмата се диџеји, а пак во сабота (10.09) на градскиот плоштад ќе настапат Игор Џамбазов и „Гуру Харе“, Огнен Здравковски и Харис Џиновиќ. Настапот на Јелена е на 11-ти септември, а пред неа ќе настапат „Амадеус Бенд“. Како што објави Јанчев, Карлеуша за настапот ќе добие 35.000 евра.

Во претходните години, со исклучок на 2020 и 2021 година кога поради пандемијата не се одржуваше, за три дена имало над 120.000 посетители а се продавале над 30.000 литри вино. Што покажува дека балканските музички имиња носат голем број на гости од другите градови. Буџетот на манифестацијата за оваа година е 10,5 милиони денари, од кои една половина се општински средства, а пак другата половина е обезбедена од спонзори.

Можеби ќе ве интересира: