Во прв ред

Јелена Томашевиќ со ексклузивен концерт во Македонската филхармонија на 12-ти јануари 2024

Како што велеат организаторите од Вајб продукција, да ја започнеме Новата 2024 година како што доликува, после новогодишните и божиќните празници време е за интимен концерт исполнет со многу љубов, емоции и квалитетна музика.

„Со голема доза на задоволство Ви ја најавуваме дамата која ги помести границите кога е во прашање вокалната способност, една и единствена Јелена Томашевиќ со свој ексклузивен концерт во најубавата сала наменета за настани од интимен карактер како што е Македонска Филхармонија“, велат од Вајб продукција.

Кога зборуваме за вокал од светски размери мислиме на фактот, привилегијата и честа која ја ужива Јелена Томашевиќ, да се биде гостин и да се настапува рамо до рамо со еден од најголемите светски тенори како што е Andrea Bocelli е доволен доказ за еден уметник, која со гордост ја носи титулата “Glas koji se pamti”

Влезници во продажба од петок (24-ти Ноември) во продажната мрежа на TicketX ширум Македонија и онлајн на ticketx.mk

Можеби ќе ве интересира: