“Jethro Tull” утревечер во Скопје

Живата легенда на светскиот рок ен рол вокалистот и флејтист Јан Андарсон и негоата група “Jethro Tull” доаѓаат во скопје да покажат дека се уште се “премлади за пензија”.

“За скопскиот концерт ја одбравме салата во СРЦ “Кале”, бидејќи се покажа како одлична за концертите на Simple Minds, Apocalyptica и Morrissey, во комбинација со стоење и седење”, велат организаторите. Билетите се во продажба онлајн преку продажната мрежа на kupikartizase низ цела Македонија и во Југотон на првиот кат во ГТЦ.

Овој култен британски рок бенд има снимено 30 албуми досега, а истите ги има продадено во над 50 милиони примероци, за прв пат доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата “50 years of Jethro Tull”.

Подготви: Виолета Трајковска

Повеќе на Музика24...