Јордан Митев закажа солистички концерт во Битола. Во градот на конзулите Митев ќе гостува на 20-ти јули, а на сцената нема да биде сам – друштво ќе му прават колегата Марјан Коцев и Демир Кантуровски со неговиот блех оркестар “УСКА КАН” од Берово.
Митев е еден од ретките македонски фолк пејачи, кој, освен што е комплетен автор на сите досегашни негови хитови, повремено има и големи солистички концерти по македонските градови, но и надвор од Македонија.
Концертот ќе се одржи на ракометното игралиште, со почетокот во 21 часот, а влезниците веќе се пуштени во продажба и тоа на две места во градот, на касата на ракометното игралиште и во кафе „Пајтон“.