Во прв ред

Јубилеен концерт на „Синтезис“ на 23-ти септември на плоштад „Мајка Тереза“

Најпознатата македонска и една од најпознатите балкански етно групи „Синтезис“, ќе одржи славенички концерт по повод јубилејот 25 години артистичка кариера. Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, и настапи во некои од најпознатите светки сали и фестивали, „Синтезис“ се најголемите амбасадори на македонската музика ширум светот. Од своето основање во 1995 година, „Синтезис“ се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи.

Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проески, Наум Петрески и Борис Трајанов, и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и „Бистрик“.

Концертот ќе се одржи на 23 септември, на плоштадот „Мајка Тереза“, со почеток во 20 часот. Билетите се пуштени во продажба во строго ограничен број по цена од 200 денари, онлајн и на сите продажни места на сервисот www.kupikartizase.com.

Концертот ќе се одржи под строги протоколи и мерки за заштита на здравјето на посетителите.

Можеби ќе ве интересира: