Јубилејното 10-то издание на “Здраво млади” ќе се одржи на 27-ми август

Јубилејното издание на фестивалот “Здраво млади” е закажано за на 27-ми август во паркот на Младинскиот културен центар во Скопје.

“Поминавме 9 лета заедно слушајќи ги најактуелните имиња на прогресивната музичката сцена, а за ова десетто издание на “Здраво млади” досега ги најавивме: данските легенди на инди-рок сцената – “Efterklang”, свежата психоделија од Истанбул – “Lalalar”, неверојатните “Viagra Boys” од Шведска, британското пост-панк трио – “Shopping” и домашните “Funk Shui”, велат организаторите на фестивалот.

“Здраво млади” ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани, кој беше усвоен на 73. Седница на Владата на Р. Македонија. Фестивалот е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.

Повеќе на Музика24...