Во прв ред

“June” Ве кани на концертна промоција на новиот албум “Indian Summer”

Во понеделник 22-ри декември бендот “June” ќе одржи своја концертна промоција на вториот албум “Indian Summer” која ќе се одржи во кафе-барот Soulmatik со почеток во 21 часот. Албумот на кој се наоѓаат 10 песни е снимен, миксан и мастериран со Ивица Јанкуловски во “MarryPhat Studio”, а продуциран од Кристијан Евго и Филип Арсов.

Членови на “June” се Бојана Низамовска – вокал, акустична гитара, Филип Арсов – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, Данчо Поповски – бас и Анте Гулин – тапани, усна хармоника , придружни вокали. Гости на вториот албум на се Кристијан Евго – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, Јане Трајковски – труба, Огнен Анастасовски – пиано, родес, хамонд, Александар Нинич – туба, Ненад Тонкин – пиано, хармоника и Горан Муратовски – виолина.

Bend JuneДизајнот го направи Кристијан Ристески – Кинџо. А албумот претставува 17-то издание на познатата и една од најуспешните македонски продукции Пасворд Продукција. Влезот за концертната промоција е слободен, велат од “June”, а истата освен “Indian Summer” ќе биде збогатена и со настап на дел од гостите на албумот.

Колку за потцетување, бендот “June” е формиран во октомври 2010 година кога дава нова свежина на македонската музичка сцена преку свирење инди поп и американа, со доза на акустичен кантри поп. Досега настапувале на повеќе фестивали и концерти како Таксират 2010 со Nouvelle Vague, Егзит – 2011 , Здраво Млади – 2012, PIN Cоnference, како и многу помали концерти.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: