Во прв ред

Јуниорски Евросонг 2023 денеска од 16 часот на МРТ1 (Видео)

Денеска во Ница, Франција се одржува 21-то издание на Јуниорскиот Евросонг. Тамара Грујеска, со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ настапува под реден број шест.

„Генералната проба вчера помина одлично. Целата публика беше на нозе. Очекувањата се големи. И покрај големата конкуренција, нашата Тамара сè уште е еден од главните фаворити да ја донесе победата во својата земја. Имавме напорна недела, многу проби, а можам да најавам дека она што гледачите на МРТ ќе можат да го видат денеска ќе биде спектакуларно шоу“, изјави Дијана Гогова-Атанасова, шеф на македонската делегација.

Јуниорскиот Евросонг во живо ќе може да го гледате на МРТ1 со почеток од 16 часот, околу 30-на минути. Без разлика каде и да сте во светот, може и да гласате на официјалната страна на Јуниорскиот Евросонг jesc.tv каде што можете да ги погледнете кратките прегледи од земјите учеснички. Потоа имате право да гласате за тројца фаворити, вклучувајќи ја и својата земја.

Автор на песната „Кажи ми, кажи ми кој“ е Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров.

Можеби ќе ве интересира: