Калиопи додава нови датуми за концертната турнеја низ Србија

Македонската поп-дива Калиопи Букле, после успешната турнеја низ БиХ во октомври, и престојната турнеја низ Србија во ноември со 8 концерти. На 14-ти декември повторно се враќа во Србија за концерт во Ниш. Иако Калиопи во Ниш гостуваше и во октомври 2018 година, интересот е многу голем. Концертот започнува во 20 часот а се одржува во “Дом војске”.

Претходно ноемвриската турнеја започнува во Крушевац на 1-ви ноември, продолжува во Јагодина на 2-ри, Крагуеавац на 3-ти, Белград на 9-ти, Ваљево на 10-ти, Краљево на 28-ми, Лазаравец 29-ти и Панчево на 30-ти ноември.

Повеќе на Музика24...