Калиопи и оваа година ќе настапува во Црна Гора за Празникот на мимозите

Македонската поп-дива Калиопи во последните 3 години настапува насекаде низ поранешната Југославија. Оваа година таа повторно ќе настапува за Празникот на мимозите во Црна Гора. На 15-ти февруари Калиопи ќе одржи концерт на платото пред Домот на култура во Џеновичи.

Букле претходната година пееше во Херцег Нови. Таа и оваа година е на херцеговачката ривиера каде празникот се слави со риба и вино. Ден пред настапот на Калиопи ќе пее Лепа Брена. И за двата настапи се организираат автобуси од околните градови и БиХ.

Повеќе на Музика24...