Во прв ред

Калиопи одржа спектакуларен концерт во Белград (Видео)

Изминатиот викенд македонската поп пејачка Калиопи одржа голем спектакуларен концерт во “Сава Центар” во Белград. Таа уште на самиот старт на концертот и се обрати на публиката:

“Добро вечер драги мои, познати и непознати, но сите сте ми драги. Колку сте убави вечерва”, кажа Калиопи и воедно ја поздрави присутната публика, а веднаш потоа концертот го започна со препознатливата македонска “Зајди, зајди”.

Присутните во салата ги пееја нејзините хитови, а меѓу публиката може да се видат и личности од јавната сцена, меѓу нив ќе ги споменеме Стеван Анѓелковиќ заедно со сопругата, Рада Ѓуриќ, Огнен Радивојевиќ со сопругата, Бранка Невистиќ, Жељко Самарџиќ… а секако, во првиот ред беше и нејзиниот поранешен сопруг, сега композитор и продуцент на нејзините нови проекти, Ромео Грил.

“Не доаѓам бидејќи сум нејзин поранешен сопруг, туку продуцент. Пред се, Калиопи е голем уметник. Едно е да бидете пејач, а таа е нешто друго”, изјави Ромео за српските медиуми.

https://www.instagram.com/p/Bqn2BPRglbv/

Калиопи уште еднаш покажа зошто важи за најдобра македонска поп дива, а очекуваме и наскоро да одржи концерт во Македонија.

Можеби ќе ве интересира: