Калиопи со голем концерт во Лозница на 23-ти март

Туристичката организација на српскиот град Лозница на 23-ти март ќе организира голем концерт на македонската поп пејачка Калиопи, најавувајќи ја како една од водечките дами на регионалната музичка сцена. Концертот ќе се одржи во Домот на културата “Вук Караџиќ” и како што е наведено во најавата, ова ќе биде можност жителите на Подринската област и Лозница за прв пат да уживаат во концертот кој што им го подготвува оваа голема пред се балканска и македонска поп дива.

“Присутните ќе имаат можност да слушнат дел од нејзините хитови, како што се: “Црно и бело”, “Мелем”, “Вучица”, “Куфер љубави”… како и обработката на нејзината песна “Костени”. Премиерно во живо присутните ќе ги слушнат во живо нејзините две нови песни: “Пресуда” и “Ајде да пееме”, се наведува во најавата за концертот на Калиопи во Лозница.

Повеќе на Музика24...