Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect го најавува својот најнов концертен проект – MTV 80’s & 90’s Ретро Вечер. Љубители на добрата музика, ги очекува двочасовно патување низ времето со звуците на Камерен Оркестар на Битола. На 14-ти септември македонски и странски изведувачи ќе не вратат во времето на MTV и безвременските хитови кои сите ги знаеме. Концертот ќе се одржи во Центарот за култура – Битола со почеток во 20 часот а наскоро ќе има повеќе информации за продажба на влезниците.
