Во прв ред

Камерниот оркестар на Битола ќе одржи концерт посветен на хитовите од Тоше Проески и Драган Каранфиловски – Бојс (Фото)

На 16-ти февруари со почеток од 19:30 часот, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи традиционалниот концерт „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески. На концертот ќе свири Камерниот оркестар на Битола.

Освен хитовите на Проески, оркестарот ќе свири и дела од композиторот Кире Костов, кој ја напиша „Тајно моја“, една од најпознатите песни на Тоше. Концертот ќе биде потсетување и на песните на пејачот и композитор Драган Каранфиловски – Бојс.

Можеби ќе ве интересира: