Камерниот оркестар на Битола најавува концерт за 4-ти август (Фото)

Камерниот оркестар на Битола на својот профил на социјалната мрежа Facebook го најави својот традиционален летен концерт. Датумот е 4-ти август, а локацијата Ракометно игралиште. Повеќе детали не се соопштени и се очекуваат деновиве.

Камерниот оркестар на Битола кој работи под покровителство на НУ Центар за култура – Битола со своите концерти е вистинска атракција за публиката. Покрај камерниот оркестар на сите концерти учествуваат локални солисти, но често и реномирани изведувачи како: Влатко Стефановски, Јелена Томашевиќ, Неша Галија итн.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.