Во прв ред

Каролина ќе ги отпее најголемите хитови на open air концерт во Скопје

Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името „Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1-ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје. 

Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. 

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1ви јули во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk и ширум нашата продажна мрежа, по следните цени и категории: Партер – 700 денари, Фан пит  – 990 денари,  Вип (коњопои) – 1500 денари.

 

Можеби ќе ве интересира: