Во прв ред

Каролина ќе настапи на концертите во чест на Аки и Тоше (Фото)

Како што веќе објавивме, Камерниот оркестар на Битола на 18-ти и 19-ти февруари ќе одржи два концерти во чест Аки Рахимовски и Тоше Проески. Денеска организаторите ги објавија и имињата на пејачите кои ќе ги отпеаат бројните хитови на Тоше и Аки. Така во придружба на Камерниот оркестар ќе запеаат: Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Александра Јанева, Виктор Апостоловски, Бојан Стојков, Јана Бурчевска, Нико Ѓоргиевски и хорот при Државното музичко училиште – Битола.

Концертите насловени „Засекогаш во срцето“ ќе се одржуваат во големата сала на Центар за култура – Битола. Повеќе информации за влезниците следуваат деновиве.

Можеби ќе ве интересира: