Во прв ред

Каролина со голем концерт на отворено во Охрид

После концертот во Скопје, Авалон продукција организира уште едно дружење со Каролина, на голем концерт на отворено во Охрид! Каролина ќе ги изведе своите најголеми хитови на 4-ти август во Касарна – Охрид.
Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 4-ти август во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (15.07) онлајн на avalon.mk, Кај Аждер и низ нашата продажна мрежа низ Македонија по следните цени и категории: Партер – 500 денари, Фан пит – 700 денари, Вип – 1200 денари.

Можеби ќе ве интересира: