Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу по 10 години пауза ќе одржи концерт во Македонија. Тој ќе гостува на 32-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ – Битола. А овогодинешниот фестивал ќе се одржи од 2-ри до 10-ти октомври.
Басот Котецу на 11-ти октомври во Центарот за култура – Битола ќе изведе оперски арии и македонски народни песни (Моцарт, Верди, Ј. Христовски, Георгиевски-Калица, В.Илиева) заедно со Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.
Македонската јавност го познава како голем вљубеник во македонската музичка традиција кој досега обработи многу македонски народни песни како: „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“, „Земјо македонска“, „Битолчани мераклии“, „Ако одам во Битола“, „Битола мој роден крај“ итн.
Котецу живее и работи во Токио, Јапонија и е солист на Токиската опера.