По седми пат во Кичево ќе се оддржи електронската журка “Калефест” која што се одржува на Китино кале. Како што велат организаторите за Музика24, ова претставува настан кој што ја обединува електронската култура и новитетите се со цел за следење на светскиот тренд кој повеќе од две декади е број еден life style на најголем дел од светската младинска популација.
22-ри август е денот кога ќе се оддржи седмото издание на овој фестивал, чии гости ќе бидат: Вие, Балканскиот супер стар Марко Настиќ, Флудер, Видиновски, ME.N.U, Димитри_МК, Роботникс, Марјан Виторијоски, Спектромански, Милан и Ултимуса, Станко Стевановиќ и др. Фестивалот и оваа година се оддржува самоиницијативно во организација на ДБР Група, со локална поддршка од општина Кичево, како и логистичка поддршка од јавните претпријатија во овој град.
Подготви: Марија Поповска