Во прв ред

Кисела Вода и Суперхикс вечерва во паркот во Расадник заеднички слават роденден (Фото)

Општина Кисела Вода и “Суперхикс” вечeрва заеднички слават роденден! Големиот концерт кој ќе го заокружи Културното лето 2024, започнува во 19 часот и ќе трае до полноќ. Од 19 часот, како предгрупи настапуваат групата “Ред 18” и “Ја, Дека и Зека” од Србија, по што следи концертот на “Суперхикс” и пријателите.

“Суперхикс” кои годинава одбележуваат 30 години постоење неодамна во Кисела Вода го промовираа својот најнов албум “Сила и нервоза”. И новите песни и добро познатите хитови од нивната тридецениска работа вечерва ќе ечат од паркот Расадник, а влезот е бесплатен. Покрај спомнатите предгрупи, како гости ќе настапат “Фолтин”, Дани Димитровска, Камерен оркестар Битола, Мите Димовски, Гоце САФ, “21 Век”, поранешни членови на “Суперхикс”. Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Со картичка ќе може да се донира на штандот на Ecrowd.mk, кој е донациски сервис и единствената краудфандинг платформа, потписник на многу досегашни донации во Македонија.

Општина Кисела Вода која денес прославува 69 годишен јубилеј и понатаму ќе продолжи со поддршка на културата и македонските култни бендови и уметници.

Можеби ќе ве интересира: